СДСМ не открива што содржи Илинденската декларација, ниту дали ќе биде усвоена пред 2 август
Поднесена Илинденска декларација, но што има во неа се уште никој не открива. Декларацијата не е достапна на веб страницата на Собранието, а ниту пратениците од СДСМ не откриваат што точно пишува во неа.
Се обидовме да добиеме став или да ја добиеме самата Декларација, но ниту пратеникот Дарко Каевски, кој практично денеска ја најави, ниту координаторот на пратеничката група Јован Митревски не одговорија на нашите повици и пораки.
Единствено пратеничката Калевска Ванчева беше располжена за разговор, но ниту таа не откри многу.
Декларацијата се уште не е ставена не дневен ред, а пратениците од власта не знаат кога тоа ќе се случи.
Иако СДСМ побара поддршка од сите пратнеици, ниту опозицијата не знае што точно има во Декларацијата. Затоа велат дека ќе бидат претпазливи.
Документот е доставен до Собранието и Владата пет дена пред големиот празник Илинден. Го прашавме и собранискиот спикер Талат Џафери дали планира да свика посебна седница, со оглед на тоа што првата закажана активност во Собранието се уставните измени на 18 август, но до подготовка на прилогот – одговор не добивме.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
