Македонија
4. May 2023 - 16:31

СДСМ не ги прифаќа барањата на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата најавува јавна расправа за договорот со Бехтел и Енка

Владејачката СДСМ смета дека е небулоза барањето на опозицијата да бара јавна расправа за Договорот за изградба на коридорите 8 и 10. Од таму сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го одоговлекува процесот на донесување на потребните законски измени за побрза реализација на договореното со Бехтел и Енка.

Од опозицијата пак, строго инсистираат да го добијат Договорот, а потоа тој и да се декласифицира за да може да се организира јавна расправа.

Граѓанскиот сектор вклучен во платформата за борба со корупцијата и понтаму смета дека Договорот е контроверзен. Од Институот за дмеократија коментираат дека првата грешка била што прокетот не бил дел од инфраструктурните проектите со кои државата конкурира за европски пари.

Договорот со Бехтел и Енка засега со затемнети делови е испратен само во обивнителството, но не и до пратениците. Владата се согласи да го презнетира пред нив на затворена седница поради класифицираноста на одредени делови. Парламентанротот мнозинство пак, одлучи опозицијата да одреди собраниска комисија на која ќе биде разгледан документот.