Македонија
17. May 2026 - 16:33

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција

Опозициската СДСМ помогната од политички субјекти и поединци обединети околу вредностите за Европска Македонија го стартуваат Фронтот за вистина и правда. Лидерот на СДСМ, Филипче кој ја промовираше програмата вели дека имаат план како да се спротивстават на корупцијата, но не сакаше да открие кој застанал на негова страна, за да се избегне црна кампања.

Замислен како програма која се базира на четири столба, Фронтот ќе работи на нулта толеранција за корупција и европска правда, иднината за младите, достоинствен живот за сите,силно село и земјоделци .

Опозицискикиот лидер кој себеси се гледа како иден премиер по изборите најави дека првиот чекор на негова влада ќе биде потпишување на Закон за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност.

Со него е предивидено формирање и на Национална антикорупциска дирекција по пример на Романија, ќе се воведе и задолжителна електронска декларација на имот, а свиркачите кои ќе пријават корупција ќе бидат наградени и заштитени. Министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители

Владејчката партија оценува дека ветувањата за борба со корупцијата се лажни. Му порачаа на Филипче дека со формирање на агенции налик СЈО, нема да дојде на власт.

-Во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти и Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДС, токму Заев. Филипче не мора со отворени очи да сонува да дојде на власт за да го донесе таканаречениот нивен закон за нулта толеранција на корупција и не мора да го чека европското обвинителство, прво нека ги повика штетниците во обвинителството како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ да ја ослободат институцијата од каде што ги штитат токму криминалците на СДС и ДУИ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Програмата на Фронтот за  вистина и правда ќе биде дел од и од политичката програма на партијата која СДСМ ќе ја објави на Конгресот на 7 јуни.