Сапунот од кокос - благотворен против комарци
Има многу производи коишто ги одбиваат комарците, а според новите истражувања, тука спаѓа и сапунот. Некои сапуни имаат делотворен ефект против комарци, но други сапуни го чинат спротивното. Во таа смисла, се препорачува сапун со состојки од кокос.
Комарците се потпираат на своите мирисни сетила, па нивното однесување зависи од нив. А пак, испитување објавено во списанието „Ајсајенс“ (iScience) покажува дека сапуните го менуваат мирисот на луѓето. Според Министерството за земјоделство на САД вели дека масните киселини во кокосовото масло имаат „силна одбивност и долготрајна делотворност“ против инсектите воопшто – комарци, крлежи, бубачки и муви.
Имено, според научните испитувања, тие масни киселини од кокос се 90 отсто благотворни во спречувањето каснувања од комарци.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
