Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата

Санкционирани се 72 лица во текот на вчерашниот ден од 17 до 22 часот при акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на лесни електрични возила низ државата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- Од нив, по 11 на територијата на СВР - Тетово и СВР - Битола, осум на територија на СВР - Велес, седум на територија на СВР - Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата, санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови - наведува МВР на својот фејбук профил.
Воедно апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
МИА
Ново на Сител
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
