Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните

Членството во ЕУ е нашиот главен приоритет, поддржан со широк политички консензус и од граѓаните. Реформите и европската интеграција бараат заедничка одговорност и консензус, порача меѓудругото денеска вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, во своето обраќање на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција.
Тој нагласи проширувањето е главен приоритет и за целиот регион и интегрирањето во Европа треба да се одвива во два правци: со спроведување на основните реформи, особено во владеењето на правото и со користење на можностите за постепена интеграција пред целосното пристапување во ЕУ.
-Извештајот на Европската комисија за 2026 година е значаен показател за нашиот напредок. Министерството за европски прашања го координира тој процес на национално ниво и обезбедува целосна комуникација и партнерска соработка со Европската комисија. Пораката е јасна. Преземени се законски и институционални мерки, но законите треба доследно да се спроведуваат и да дадат резултати - нагласи Сали.
Во судството, додаде тој, постои Стратегија за реформа 2024–2028, нов Закон за Судскиот совет и измени во Законот за јавното обвинителство. Но, како што истакна Сали, предизвиците остануваат, нагласувајќи дека сè уште се присутни прашања поврзани со автономијата на судството и обвинителството, кадровските и финансиските капацитети и опасностите од политизација.
Тој рече дека во борбата против корупцијата е оценета подготовката на Националната стратегија 2021–2025 и зајакнувањето на контролата, но потребни се убедливи резултати, особено во случаите на корупција на високо ниво.
- Граѓаните очекуваат одговорност, одлуки што се целосно во согласност со законите и законот да важи подеднакво за сите - додаде тој.
Тој нагласи дека Македонија останува меѓу најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, потсетувајќи дека преку Планот за раст досега се обезбедени 142,1 милион евра, а неодамна е поднесено и четвртото барање за исплата, со реализирани 22 реформски чекори.
Сали упати повик до сите пратеници да дадат конструктивна поддршка на реформските закони, нагласувајќи дека политичките разлики не смеат да го попречат европскиот пат и придобивките што граѓаните ги очекуваат од реформите.
- Овие резултати ја покажуваат нашата институционална подготвеност, но и обрска да работиме со исто темпо. Затоа ги повикувам сите пратеници на конструктивен пристап кон законите поврзани со европската агенда. Политичките разлики се легитимни, но не треба да ги блокираат реформите и да предизвикаат губење на европските средства - порача Сали.
Новиот План за раст, додаде Сали, предвидува конкретни планови за слободно движење на стоките, дигитална трансформација, транспортна и енергетска поврзаност, пристап до единствениот пазар и намалување на трошоците за роаминг.
- Тоа се придобивки што граѓаните треба директно да ги почувствуваат. Националниот совет за европска интеграција има клучна улога како форум за суштинска дебата, демократска контрола и градење поширок општествен консензус. Реформите не ги спроведуваме само поради обврските што ги имаме кон ЕУ, туку затоа што ни се потребни посилни институции, независно судство, ефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар живот за граѓаните - порача Сали во своето обраќање.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
-

Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната
