САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада

Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери.
Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна на претседателот Доналд Трамп.
Од Белата куќа соопштија дека одлуката е одговор на, како што наведуваат, „дискриминаторската, нерамноправна и неоправдана царинска политика“ на Канада и има за цел да ги подобри условите за извоз на автомобили произведени во САД.
Новите царини претставуваат најнова ескалација во трговскиот спор меѓу двете соседни земји.
Трамп и претходно повеќепати ја обвини Канада, како и други трговски партнери на САД, дека одржуваат нетранспарентни трговски односи со Вашингтон, при што царините станаа еден од главните инструменти на неговата трговска политика во текот на вториот претседателски мандат.
Канадскиот премиер Марк Карни синоќа изјави дека Отава е подготвена за дополнителни разговори со Вашингтон за трговските односи.
„Ова е последната во низата еднострани трговски мерки што САД ги преземаат преку воведување царини, што претставува директно кршење на Договорот меѓу Канада, САД и Мексико„, изјави Карни.
Тој додаде дека Канада веќе доставила предлози за надминување на трговскиот спор и е подготвена дополнително да ги интензивира разговорите со американската администрација.
МИА
Ново на Сител
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
