САД планираат дополнителни 242 милиони долари помош за борба против еболата во Африка

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да обезбеди дополнителни 242 милиони долари за поддршка на борбата против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент.
Средствата, чие одобрување зависи од консултациите со Конгресот, ќе бидат наменети за брза реакција на епидемијата, зајакнување на регионалната подготвеност и хуманитарна помош поврзана со ширењето на болеста.
Инаку, откако стапи на должност во јануари 2025 година администрацијата на Трамп значително ги намали програмите за меѓународна помош. Намалени беа средствата за странска помош, преиспитани беа повеќе меѓународни програми, а САД се повлекоа и од Светската здравствена организација (СЗО).
Од Стејт департментот наведоа дека новото финансирање се надоврзува на обврските што САД ги презедоа на Самитот на Групата Г-7 во јуни и дека со него вкупната директна американска помош за справување со еболата ќе надмине 512 милиони долари.
Покрај тоа, администрацијата најави и дополнителни 350 милиони долари хуманитарна помош за Демократска Република Конго, Јужен Судан и Уганда. Тие средства се дел од претходно објавениот пакет од 1,8 милијарди долари за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) и се наменети за поддршка на повеќе земји.
Еболата е високо заразна и често смртоносна вирусна болест што се пренесува преку директен контакт или преку телесна течност.
Организацијата „Лекари без граници“ предупреди дека два и пол месеци од избувнувањето на епидемијата, ситуацијата во источниот дел на Демократска Република Конго е покритична од кога било. Станува збор за најголемата епидемија на ебола досега регистрирана во земјата, со повеќе од 3.600 лабораториски потврдени случаи и повеќе од 1.500 починати.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
-

Вучиќ ѝ ја предаде должноста претседател на Ана Брнабиќ, таа рече „нема друг како него“
-

АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
