„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка

Филмот „Одмаздници: Завршница“ (Avengers: Endgame) се врати на врвот на бокс-офисот во Северна Америка – седум години по својата премиера – по петочното прво прикажување на новото издание, „Одмаздници: Продолжена завршница“, коешто заработи 11,2 милиони долари. Филмот на „Марвел студиос“ (Marvel Studios) се прикажува во 3.060 киносали низ Северна Америка и се очекува да оствари приход од приближно 26 милиони долари до крајот на викендот, според магазинот „Варајети“ (Variety).
Филмот, во режија на Ентони и Џо Русо од 2019 година, беше вратен во кината пред премиерата на новиот наслов „Одмаздници: Подемот на Доктор Дум“ (Avengers: Doomsday), закажана за 18 декември. По првичното прикажување, „Одмаздници: Завршница“ стана вториот филм со најголема заработка на сите времиња во светот, со приход од 2,799 милијарди долари, додека рекордот сè уште го држи „Аватар“ од 2009 година со 2,9 милијарди долари.
На второто место се најде филмот „Ударен термин“ (Primetime) во продукција на „A24“, којшто во петокот заработи 8,49 милиони долари на 2.874 локации, а се очекува вкупната заработка од првиот викенд да достигне околу 20,5 милиони долари. Со Роберт Патинсон во главната улога, филмот ја прикажува ерата кога Крис Хансен ја водеше емисијата на „Ен-би-си“ насловена „Да се фати напасникот“. Филмот доби претежно позитивни критики по премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција претходно овој месец, иако Хансен ја критикуваше продукцијата, опишувајќи ја како „многу бизарна“ и „одлепена од реалноста“.
Авантуристичкиот филм „Срцето на ѕверот“ (The Heart of the Beast) го зазеде третото место, со проценета заработка од 7,45 милиони долари во петокот во 3.435 кина. Во режија на Дејвид Ајер, филмот го прикажува Бред Пит како пензиониран воен ветеран кој, откако преживеал авионска несреќа во Алјаска, заедно со своето борбено куче се обидува да пешачи околу 93 километри до безбедно место. Се очекува филмот да оствари заработка од околу 20 милиони долари за време на премиерниот викенд.
Засега последниот, осми дел од „Притаено зло“ (Resident Evil) падна на четвртото место, со заработка од 6,9 милиони долари во 3.684 кина. Минатиот викенд, филмот постави рекорд за овој хорор-серијал – во однос на почетната заработка, достигнувајќи вкупно 61 милион долари, а се предвидува дека ќе заработи дополнителни 23,5 милиони долари во текот на вториот викенд од прикажувањето. Анимираниот филм „Заборавен остров“ забележа послаб резултат во споредба со другите нови филмови, заработувајќи 4,38 милиони долари во петокот на 3.548 големи екрани, со проектирана вкупна заработка од околу 11,5 милиони долари до крајот на викендот.
МИА
Ново на Сител
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
-

Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
