Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран.
„Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, изјави Руте пред почетокот на самитот во Анкара, јавија британските медиуми.
Тој очекува и сојузниците во текот на денот да го потврдат ставот дека Иран треба целосно да ја отвори Ормуската Теснина за меѓународен превоз.
Зборувајќи за односите во рамките на Алијансата, Руте рече дека постои „целосна посветеност“ на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, но дека Вашингтон во исто време оправдано очекува европските членки и Канада да ги зголемат средствата за одбрана и порамномерно да ги делат трошоците во рамките на Алијансата.
Коментирајќи го наводното незадоволство на некои американски претставници од сојузниците поради нивниот став кон Иран, Руте оцени дека станува збор за „изолирани случаи“.
Генералниот секретар на НАТО се осврна и на прашањето за Гренланд, наведувајќи дека се води „добар процес“ во врска со тоа прашање, но не даде дополнителни детали.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
