Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
Нема термин, поради сериозноста на случајот не сака да чека, па поткупува доктор за побрзо да го прегледа. Недостатокот на термини за преглед кај специјалист, прием кај конкретен лекар, добивање болнички кревет и долгото чекање на списокот за операција ги тера луѓето да подмитат доктори, плашејќи се за своето здравје.
Истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост кај жените покажува дека 84% од здравствените работници корупцијата е делумно или многу распостранета во нивниот сектор, но ниски 14 проценти од нив признаваат дека биле вклучени или сведочеле на корупција. Најчестиот случај на корупција е во вид на пари.
„Освен пари, има и скапи подароци или ваучери коишто се даваат како форма на наводна благодарност. Но има и посуптилни, препраќање од редовен на приватен термин кај истиот доктор. Потоа, препраќање во специфични аптеки, каде се препраќа пациентот, а потоа докторот има корист“, изјави Борјан Павловски, ЕСЕ.
Загрижувачко е присуството на неформални плаќања за гинеколошко – акушерски здравствени услуги. Според истражувањето поткуп во повеќе од 50 % од случаите се купува породување со царски рез без медицинска индикација, како и изборот на конкретен гинеколог или тим за породување.
Фрапантна е информацијата дека секој петти здравствен работник слушнал или дознал дека колега или колешка побарале или очекувале сесксуална услуга од пациенти.
„Таа мораме да кажеме дека е присутна не само во односот на здравствени работници кон жените пациентки туку и внатре меѓу здравстгвениот персонал“,Јамина Фришчиќ, извршна директорка на ЕСЕ.
Според мислењето на здравствените работници, за борба против корупцијата неопходни се системски мерки но и построги санкции и контроли.
Истражувањето на ЕСЕ е спроведено преку анкета на 410 здравствени работници и соработници и полуструктурирани интервјуа со 21 директор или раководител на гинеколошко – акушерски здравствени установи.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
