Спорт плус
26. August 2026 - 15:55

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево беше поразен во полуфиналната борба во категоријата до 60 килограми.

Рустемовски во мечот за пласман во финалето загуби од шпанскиот боксер Марин Ернандез.

Со пласманот во полуфиналето, македонскиот репрезентативец го завршува настапот на Медитеранските игри со бронзен медал.