Македонија
9. March 2022 - 12:25

Руралната жена се уште е потчинета

Голем дел од жените во Југозападниот регион во земјава не си ги знаат основните права, често се потчинети обесправени и омаловажувани - ова го покажуваат резултатите од анализата на невладината „Инклузија“. Кај нив особено во руралните средини се уште преовладува мислењето дека местото на жената е во кујната а многу често се и жртви на семејно насилство.

И по повеќе од еден век поголем процент од жените се невработени и се уште има машки професии.

Од невладината „Инклузија“ сметаат дека потребно е многу да се работи на унапредување на нивниот квалитет на живот и на полето на родовата еднаквост, бидејќи жените го немаат заслуженото место.