Рубио: САД можеби ќе го преиспитаат НАТО поради ограничената поддршка од сојузниците во Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше Шпанија и другите сојузници во НАТО за ограничената поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон можеби ќе ја преоцени алијансата по конфликтот, пренесе ДПА.
Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која тие се обврзани да ја бранат, го одбила американското користење на нејзиниот воздушен простор и се фалела со тоа, според транскриптот од изјавите за „Ал Џезира“ објавен од неговиот департман во понеделникот. Тој исто така рекол дека Вашингтон се соочил со отпор при користењето на воените бази во Шпанија и на други места.
НАТО е корисен за САД затоа што овозможува војниците и опремата да бидат стационирани во странство, рече Рубио.
– Но, ако НАТО се сведува само на тоа ние да ја браниме Европа ако биде нападната, а потоа тие да ни ги ускратуваат правата на базите кога ни се потребни, тоа не е многу добар аранжман, нагласи тој.
– Тешко е да останете вклучени во тоа и да кажете дека ова е добро за САД. Така што сето тоа ќе мора да се преиспита – додаде Рубио, нагласувајќи дека НАТО „не може да биде еднонасочна улица“.
– Да се надеваме дека ќе можеме да го поправиме тоа. Ќе имаме време да се позанимаваме со тоа подоцна – рече американскиот државен секретар.
Шпанија неодамна го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со војната во Иран, а претходно им забрани на САД да ги користат базите Рота и Морон во Андалузија за операции. Објектите долго време се под заедничка управа на Шпанија и САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги критикуваше сојузниците во НАТО за она што тој го смета за недоволна поддршка во конфликтот. Членот 5 од клаузулата за меѓусебна одбрана на НАТО не се применува на војната што ја започнаа САД и Израел против Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
