Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствуваше на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование.
- Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порача првата дама на САД на приемот за сопругите на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Генералното собрание на ОН.
МИА
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
