Родено 16 недели предвреме - девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари
Во Универзитетската болница во Магдебург, германските лекари постигнаа вистинско чудо - успеаа да спасат живот на предвреме родено девојче тешко само 300 грама пренесува „Билд“.
Од болницата наведуваат дека случајот претставува „исклучителен медицински успех“, затоа што бебето било родено цели 16 недели пред очекуваниот термин – состојба која во медицината се смета за екстремно ризична. Веројатноста за преживување на вакви бебиња во светски рамки е околу 25 проценти.
„Новороденчето беше поврзано на апарат за дишење цели седум недели, пред конечно да успее самостојно да дише. Станува збор за исклучително чувствителен и внимателен процес на лекување,“ објасни д-р Ралф Бетгер, раководител на одделот.
Тој додаде дека родителите останале во болницата подолго време за да можат да ја зацврстат врската со своето дете, а девет недели по предвидениот термин конечно го однеле девојчето дома.
Според Гинисовата книга на рекорди, најмладото преживеано предвремено родено дете е Неш Кин од САД – роден 19 недели порано со тежина од само 283 грама, кој во јули годинава го прославил својот прв роденден.
Ново на Сител
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
