РКЕ: Завршува грејната сезона

Грејната сезона завршува денеска на 15 април 2026 година и започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
- Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов, соопшти РКЕ.
Грејната сезона во Скопје за корисниците кои се приклучени на системот за парно греење започнува на 15 октомври и трае до 15 април.
МИА
Ново на Сител
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
