РКЕ со препорака до компаниите да продолжат со греење поради ниските температури во следните два дена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и 2 мај, иако грејната сезона завршува на 30 април.
Како што се наведува во соопштението од РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.
- Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење - се посочува во соопштението.
Времето денеска е променливо облачно и свежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m²). УХМР соопшти дека поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето е облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
