Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски со два подиуми на „Словакиаринг“ го продолжи успешниот настап во ФИМ Европскиот шампионат и пред завршната трка во Бугарија останува во директна борба за вицешампионската титула. Бузалковски, кој изминатиот викенд го освои второто и третото место на двете трки во класата СуперСток 1000 на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка, денеска беше примен од министерот за спорт, Борко Ристовски.
Со освоените бодови, Бузалковски моментно е трет во генералниот пласман, со само два бода заостанување зад второпласираниот натпреварувач, што ја прави завршната трка од шампионатот директна пресметка за европската вицешампионска позиција.
Ристовски му честиташе на Бузалковски за двата подиуми и истакна дека неговите резултати го потврдуваат потенцијалот на македонскиот мотоспорт и покажуваат дека македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат за највисоките позиции на европската сцена.
На средбата беше разговарано и за подготовките за завршната трка во Бугарија, на која Бузалковски ќе ја има можноста успешната сезона да ја заокружи со освојување на вицешампионската титула во ФИМ Европскиот шампионат.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
