Тенис
14. September 2026 - 10:03

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА

Елена Рибакина која настапува за Казахстан се искачи на првото место на најновата ранг-листа на Женската тениска асоцијација (ВТА) објавена денес.

Во финалето на Отвореното првенство на САД во саботата Рибакина ја победи Сабаленка од Белорусија, досегашниот женски светски рекет број 1.

Топ 10 тенисерки на ранг-листата на ВТА:

1. Елена Рибакина (Казахстан) – 9901 бод

2. Арина Сабаленка (Белорусија) – 7875 

3. Џесика Пегула (САД) – 7265

4. Коко Гоф (САД) – 7244

5. Мира Андреева (Русија) – 5743

6. Линда Носкова (Чешка) – 5328 

7. Елина Свитолина (Украина) – 4809 

8. Каролина Мучова (Чешка) – 4683 

9. Ига Швјонтек (Полска) – 4619 

10. Марта Костјук (Украина) – 3980.

 

МИА

Ново на Сител