РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале

Ракометната федерација на Македонија, актуелниот македонски шампион Пелистер, како и двократниот европски шампион Вардар упатија честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот куп.
– Ракометната федерација на Македонија упатува честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот Куп.
РК Алкалоид во финалето на Европскоот Куп ќе игра против АЕК Атина.
На РК Алкалоид му посакуваме успех и среќа во финалето, стои во честитка од РФМ.
Градскиот ривал Вардар на својот фејсбук-профил објави:
„Се радуваме на секој успех на македонските екипи на европска сцена, и горди сме што РК Алкалоид“ го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето во Европскиот Куп“.
Големиот успех на Алкалоид го честиташе и актуелниот македонски првак Пелистер.
– Честитки до тимот на @rkalkaloid за пласманот во финалето од EHF Cup! – објави битолскиот прволигаш.
Алкалоид во финалето ќе се соочи со АЕК од Атина.
Ново на Сител
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
