Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила

Полицијата во текот на јули регистрирала вкупно 20.976 сообраќајни прекршоци на патиштата низ државата, во рамки на редовните сообраќајни контроли.
Од вкупниот број, 4.241 прекршок се однесува на непочитување на дозволената брзина, додека 496 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило.
Од нив, 81 лице било лишено од слобода поради возење под дејство на алкохол, 373 поради возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување со моторно возило, а останатите поради сериозни прекршоци поврзани со брзината и движењето во забранет правец.
Во истиот период одземени се 332 возила, согласно член 300-б од Кривичниот законик.
Полицијата во јули евидентирала и 4.694 прекршоци за неправилно паркирање, а санкционирани биле 430 возачи поради управување под дејство на алкохол.
Дополнително, 2.073 мотоциклисти биле казнети поради неносење заштитен шлем, додека 1.829 учесници во сообраќајот не користеле сигурносен појас.
Од сообраќај биле отстранети и 299 нерегистрирани возила и 125 возила поради техничка неисправност, а санкционирани се и 44 возачи поради непочитување на условите за затемнување на стаклата.
Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.
Ново на Сител
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
