Македонија
14. July 2026 - 16:32

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите

Дигитализацијата во здравството, зајакнување на регионалните болници со повеќе услуги за пациентите и изградба на веќе најавените капитални проекти ќе бидат приоритет и на новиот министер за здравство Сашо Клековски. Тој денеска ја презеде функцијата од Азир Алиу. Ќе го продолжи и проектот на неговиот претходник за евиденција на работното време со отпечаток од прст, а ќе работи и на подобрување на меѓуинституционалната соработка за која рече дека била многу бавна.

  • Регионализацијата и болниците во Штип, Тетово и во Кичево, како и Клиничкиот центар во Скопје, остануваат приоритети на Владата, изјави Сашо Клековски, поранешен директор на ФЗО и нов министер за здравство.

Тој денеска информираше за реализираните активности во двегодишниот период како директор на Фондот за здравство. Рече дека е задоволен, но можело и повеќе. Меѓу реализираното ги спомена нови лекови на позитивната листа, поголеми буџети на онкологија, детска и неврологија за скапа терапија, зголемена капитација на матичните и повисоки плати во јавното здравство.

  • Во однос на владините проекти реализацијата е 54 проценти. Најголем дел од работите што ги набројав, како позитивната листа и слично, е дел од владината програмата, односно во тек е е-рецептот, каде што финиширањето зависи од Министерството за здравство, и обезбедување здравствено осугурување за деца до 18 години, без оглед дали нивните родители се покриени со здравствено осигурување, изјави Сашо Клековски, поранешен директор на ФЗО и нов министер за здравство

Покрај Клековски, собранието синоќа со 69 гласа, без против и воздржани ги изгласа и другите 7 нови министри во Владата предводена од Мицкоски.

Нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е Борче Серафимовски, кадар на ЗНАМ., кој го наследи Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ кој доаѓа на местото на Златко Перински кој, пак, ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување, а министерството за односи меѓу заениците ќе го раководи Агон Ферати од ВРЕДИ, неговиот сопартиец Јетон Шасивари денеска ја презеде фунцијата министер во правда од Игор Филков. Довчерашните заменици во труд и социјала Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани во култура станаа министри, а министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите ќе биде Ерџан Демир од ВМРО ДПМНЕ.