Македонија
15. November 2023 - 23:18

Реакции по новиот избор на судии во Апелација

Експресни реакции по најновиот избор на нови 8 судии во скопска Апелација. Се јавија и оние кои по бодовното салдо беа меѓу први на листата со кандидати, но кои не успејаа да добијат унапредување бидејќи членовите на Судскиот совет решија да следат други критериуми за избор на апелациски судија.

 „Го чекав денешниот избор на судии во Апелационен суд Скопје, две и пол години, како прво рангирана од Основниот кривичен суд Скопје.  Изборот е скандалозен и сериозно се става под знак прашање рангирањето и ранг листата и пресудното влијание на Бадентеровото мнозинство. Судскиот совет мора итно да се распушти и реформира!“, напиша судијата од Кривичниот суд Оља Ристова.

Таа важи за една од судијките кои прилично гласно ги коментира состојбите во судството. Меѓу последните предмети и е случајот „Двојник“ за 215 македонски пасоши што подрака ги добија познати мафијаши, но и која јавно призна дека обвинителството селективно го водело овој случај бидејќи како обвинети предложило само службени лица од шалтерите на МВР.

Дека Судски и овој пат работи не транспарентно коментираат и од Коалицијата Сите за правично судење.

Од граѓанскиот сектор реагираат и на тоа што во образложението за изборот секогаш стои истото општо објаснување за сите избрани кандидати, наместо да е индивидуализирано.