Расте бројот на странските туристи
Охрид останува атрактивна дестинација за туристите .Најбројни во земјава се гостите од Турција зад нив следуваат од Германија ,Србија и Франција но не изостануваат ни домашните. Податоците покажуваат дека охридскиот аеродором Свети Апостол Павле бележи раст од 18,2 проценти во однос на истиот период лани. Градоначалникот Пецаков најави дека овој тренд на зголемување на бројот на посетителите ќе продолжи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април годинава во Македонија биле евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број гости, 79,5 проценти биле странски туристи, додека домашните учествувале со 20,5 проценти.
Зголемувањето на бројот на странски гости се забележува и на годишно ниво. Во периодот од јануари до април 2026 година, бројот на странски туристи е зголемен за 4,8 проценти во однос на истиот период минатата година, додека вкупниот број туристи пораснал за 3,5 проценти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
