Расте бројот на срцево болни во Охрид
Расте бројот на пациенти со карцином и кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Дневно во болницата за кардиоваскуларни заболувања има преку 100 прегледи, а загрижувачки е и тоа што има тенденција на намалување на возрасната граница.
Лекарите предупредуваат на редовни контроли на здравјето, намалување на стресот и прифаќање на здрави животни навики.
Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид има доволен број на доктори, недостигаат само медицински сестри бидејќи дел од нив заминале во странство, а дел пак се пензионирале. Што се однесува пак до медицинската опрема, иако има нов ангиографски апарат и современо ехо, останатата опрема е застарена и потребна е нова.
Овие заболувања и понатака го држат прво место по смртност.
И според европската статистика нашата држава е ставена во групата на земји со висок кардиоваскуларен ризик.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
