Македонија
4. September 2023 - 12:32
Расте бројот на кражби во Охрид
И ова лето не изостанаа кражбите по охридските плажи. Телефони, фото апарати, паричници часовници и други вредни предмети беа на тапет на крадците кои го искористија топлото време да оперираат по автомобилите на паркинг местата и шанковите долж езерото додека туристите одмараа.
Од охридската полиција велат дека крадците претежно се од други градови од земјава кои по кражбите веднаш го напуштаат местото. Иако претежно станува збор за лица кои и се добро познати на полицијата сепак како што велат изминатите години има и нови кои се вклучени во кражби.
Надлежните иако секоја година пред стартот на сезоната апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни кога заминуваат на своите летни одмори, сликата со кражби се повторува.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
