Македонија
15. November 2023 - 12:54
Расте бројот на дијабетичари во Охрид
Во охридскиот регион бројот на лица со дијабетес во пораст. Докторите велат неопходно е подигнување на свесноста на населението за промени на животните навики за намалување на ризикот од дијабетес, а за лицата кои веќе ја развиле состојбата мониторинг и менаџирање со цел спречување на компликации.
Ризик фактори за ова заболување се генетска предиспозиција, возраста, прекумерна телесна тежина, физичка неактивност, нездрава исхрана, висок крвен притисок, алкохол, тутун.
Во Република Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година, од Институтот за jавно здравје, бројот на новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7.737 случаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
