Расте бројот на болни од карцином на дојка кај младите во охридско
Расте бројот на заболени од рак на дојка во охридско струшкиот регион. Во Здравствениот дом во Вевчани зголемен е и бројот на прегледи на пациентки, но загрижува и тоа што опаѓа старосната граница на заболени ако во минатото возраста била од 50 до 60 години сега најчесто се јавува помеѓу 30 до 40 годишна возраст. Најмладата кај која е дијагностициран карцином на дојка имала 27 години додека најстарата 84.
Во изминативе две децении според податоците имало околу 5о илјади прегледи, од јануари оваа година до месец јули кај 5 до 6 пациентки на возраст од 30 години е дијагностициран карцином на дојка.
Даскалоски, апелира на поголема свесност за превентивни прегледи и потенцира дека генетиката но и начинот на живот, стресот, исхраната се едни од главните причини за ова заболување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
