Македонија
16. May 2026 - 16:26

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите

Околу 200 граѓани денеска направија бесплатни дермоскопски прегледи во градскиот парк. Некои бараа само мислење, а некои прв пат се консултираат со дерматолог за промените на кожата. Неколкумина со сомнителни лезии добија насока да одат на клиниката за кожни болести за дополнителни инследувања а други, пак, совети кога повторно да се јават на кожен лекар. 

Секоја промена на кожата не значи дека станува збор за страшна дијагноза, но како што велат дерматолозите, потребен е стручен преглед. 

Мај е месец посветен на борбата со ракот на кожа, особено меланомот кога фокусот е насочен кон навремено откривање и лекување. 

Меланомот не бира возраст, па како што расте бројот на новодијагностицирани така има и се повеќе млади меѓу заболените. 

Промени во обликот, големината, бојата или текстурата на бенката е аларм да се посети дерматолог.