Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола

Реванш натпреварот од баражот за Светското ракометно првенство меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска ќе се одигра во Битола.
Одлуката Битола да биде домаќин на претстојниот важен меѓународен наторевар и за пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија е донесена на иницијатива и апликација до Ракометната федерација на Македонија, од женскиот ракометен клуб „Пелистер“ и со поддршка на Општина Битола.
Натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одигра на 12 април, а претходно двете селекции, на 9 април ќе играат во Полска.
Во Битола последен пат меѓународен натпревар на државна ракометна репрезентација беше одигран на 25 октомври 2018 година, кога машката селекција ја победи против Турција во квалификациите за Европското ракометно првенство што се одржа во 2020 година.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
