Радукану ангажираше нов тренер
Британската тенисерка Ема Радукану има нов тренер, откако ја прекина соработката со Ендрју Ричардсон по сензационалниот триумф на Ју Ес Опен во септември годинава.
Нов тренер на британската млада тениска ѕвезда е Торбен Белц, кој беше долгогодишен тренер на Германката Анжелик Кербер.
Радукану како причина за отказот на Ричардсон наведе дека и е потребен поискусен тренер, а изборот го сведе на 44-годишниот Белц, кој ја воведе Кербер меѓу десетте најдобри светски тенисерки пред да ја прекинат соработката во 2013 година. По тригодишна пауза, Кербер и Белц повторно почнаа да соработуваат, по што германската тенисерка ги освои Австралија Опен и Ју Ес Опен, стигна до финалето во Вимблдон, освои сребрен олимписки медал и се искачи на чело на ВТА листата. Соработката повторно ја прекинаа во 2017 година.
Радукану по триумфот на Ју Ес Опен доживеа рани елиминации на турнирите во Клуж и Индијан Велс.
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
