Македонија
29. April 2026 - 14:08

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор

Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога.

Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана.

Покрај него, и останатите обвинети добија затворски казни: Стефан Китанов и Александар Бучевски се осудени на по пет години затвор, Стојан Миланов доби казна од три години и десет месеци, додека Филип Таневски е осуден на пет години затвор.