Работник тешко повреден од струен удар во Куманово

Триесет и двегодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди од струен удар при извршување работни задачи во дворно место во Куманово, информира денеска од кумановската полиција.
Според информациите од СВР Куманово, вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место на улица „100“, сопственост на Д.Н. од Куманово. По укажаната прва помош, повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а за случајот биле известени јавен обвинител и инспектор за безбедност и здравје при работа од Државниот инспекторат за труд при Министерството за економија и труд. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
-

Пожар избувна на неколку товарни бродови во иранското пристаниште Дајер
-

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба
-

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
