Работи кои никогаш не треба да ги пребарувате на Google!

Google навистина е магичен и често знае да ни ги олесни работите во животот и дилемите кои ги имаме.
Дефиниции, летови, патувања, шопинг – сѐ што ќе посакаме, можеме да најдеме таму.
Но, има некои работи кои треба да ги држиме настрана од пребарувачите.
14 работи кои треба да ги оставите на професионалците (или на вашата мајка):
1. Медицински симптоми
Најчесто ова е резултатот: имате неизлечива болест од најредок вид. Плус, уште 100 фотографии од вашата можна состојба, на кои можете да фрлите поглед и да го изгубите денот на неточни информации...
2. Поранешни партнери
Навистина? Што мислите дека ќе пронајдете? Дека ужасно му недостасувате и блог на кој ги запишува сите грешки што ги направил во текот на вашата врска?
3. Платата на работните места на вашите пријатели
Доколку тие сами сакаат да ја споделат таа информација со вас, одлично. Но, со копање по туѓите плати и нивно откривање, само си барате неволји. Посебно, по неколку чаши вино, испиени во нивно друштво...
4. Крајот на ТВ сериите
Освен, ако намерно сакате да си го уништите доживувањето, тогаш слободно. Само, немојте никогаш за тоа да пишувате на социјалните мрежи!
5. Сѐ што е поврзано со Кардашијан
Секако ќе дознаете што и да се случува со нивниот живот, не мора дополнително да губите време за тоа пред компјутерот.
6. Било што објаснето на „Urban dictionary“
Нема да биде убаво.
7. Мемиња
И, отиде цел ден во неповрат...
8. Вредноста на калориите од храната која штотуку ја изедовте
Разочарувачки.
9. Онлајн филмови
Освен кога е од некоја проверена страна. Во сите останати случаи, ќе закачите некој вирус. Крај на приказната. И на вашиот лап топ.
10. Цената на нешто што веќе сте го купиле
Сигурно ќе најдете некое место каде што е на попуст, но веќе е доцна...
11. Цената на работите кои никогаш нема да ги купите
Навистина сакате да знаете колку чинат тие златни слушалки од Dolce & Gabbana?
12. Идеи за подарок за вашите најблиски
Ако навистина ги познавате добро, ќе смислите нешто и сами.
13. Оцена на ресторанот кој секогаш сте сакале да го посетите
Не се водете по тоа, бидејќи секогаш ќе се најде некој на кој му смета сѐ. Секогаш.
14. Прашања за вас
„Дали е нормално да ме интересираат апликации за онлајн запознавање?“ Google не е ваш психијатар.
Ново на Сител
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
