Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, се наведува во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ.
Путин оцени дека потпишувањето на Декларацијата за независност претставува клучна пресвртница во светската историја и почеток на американската државност, објавија руските медиуми.
Во честитката, исто така, Путин наведе дека во тој период Русија ги поддржувала северноамериканските колонисти во нивната борба за независност од британската власт.
Рускиот претседател истакна дека Русија и САД биле сојузници во две светски војни низ историјата и дека играле важна улога во обликувањето на современиот меѓународен поредок.
Тој додаде дека двете земји имаат посебна одговорност за глобалната безбедност и стабилност како најголеми нуклеарни сили.
Путин изрази верување дека воспоставувањето конструктивни и рамноправни односи меѓу Москва и Вашингтон е во интерес не само на двете земји, туку и на пошироката меѓународна заедница.
И шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, исто така, испрати честитка, велејќи дека Русија и САД се способни да најдат решенија за глобалните и регионалните прашања преку дијалог заснован на рамноправност и меѓусебно почитување.
Лавров му посака на американскиот народ мир и благосостојба и рече дека односите меѓу двете земји треба да се темелат на меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи.
На 4 јули 1776 година, пред 250 години, претставниците на 13-те американски колонии кои се бунтуваа против Велика Британија ја потпишаа Декларацијата за независност, во која се изложени аспирациите на новата нација. Тоа беше чин со кој се прогласува суверенитетот на Соединетите Американски Држави.
Ново на Сител
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
