Пулмолог објави снимка од бели дробови на 22-годишник заболен од Ковид-19 за сите оние кои го негираат вирусот
Белградскиот пулмолог Дејан Жујовиќ, кој исто така заболел од ковид-19, објави снимка од белите дробови на 22-годишен пациент заразен со коронавирус.
Тој објасни дека видеото го објавил на Фејсбук за да ги потсети сите оние кои не веруваат во постоењето на вирусот што го предизвикува ковид-19 и дека станува збор за потенцијално многу опасно заболување.
Снимката, придружена со објаснување на пулмолог, покажува значително оштетување на белите дробови, што е исто така претставено со графикон што покажува загуба на волуменот на белодробното крило изразено како процент. Во овој случај, таа загуба е скоро 50 проценти.
"Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи “, напиша др. Жујовиќ.
Жујовиќ е, инаку, член на група лекари собрани во групата „Јунајтед против ковид“. Групата ги предупредува граѓаните на Србија дека се очекува нов бран на епидемија на коронавирус и ги повика граѓаните правилно да ја носат маската кога и да се во затворен простор и да држат растојание од два метра.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
