Прво реформи, па потоа пари од Брисел за развој на Западен Балкан
Без реформи нема да бидат испорачани пари од Брисел за равој на државите од Западен Балкан. Од 6-те милијарди евра планирани за регионот, владата се надева дека 860 милиони евра да завршат во државната каса. Министерот за финансии Бесими очекува дека со планот на ЕУ растот на Македонија двојно ќе се зголеми.
Дека реформите се суштински за Македонија да ги добие финансиите кои ги одвојува Европа, потврди и првиот човек на директоратот за проширување на ЕУ. Копман тврди дека Планот за раст не бил условен од спроведувањето на уставните измени.
Вицепремиерот Маричиќ пак останува на ставот дека нема друга алтернатива за нтеграциите освен уставни измени, независно од планот за раст на Унијата. Менувањето на Уставот е обврска од која немало бегање, но шансата за одржување на втората меѓувладина седница не била пропуштена. Планот за раст на Македонија ќе бил реален, а не листа на желби.
Министерскиот состанок е првата фаза за реализација на реформите кои земјите од Балканот до крајот на годината треба да ги подготват, а од следната 2024-та да можат да ги користат. Каде и за што ќе се трошат европските пари, директно ќе контролира ЕК.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
