Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
