Македонија
28. February 2022 - 21:25

Првата рунда преговори Украина-Русија заврши - на следната рунда се очекува практична примена на решенија на конфликтот

Заврши првата средба на украинскиот и рускиот тим, како обид за прекин на огнот во Украина. Преговорите траеја повеќе од пет часа и се одвиваа на белоруската граница. Нова рунда на разговори треба да се случат во наредните денови на белоруско-полската граница.

Претходно, пак, во текот на разговорите францускиот претседател Макрон имал издвоени телефонски разгвори со рускиот претседател Путин и украинскиот – Зеленски. Како што соопштуваат од кабиентот на Макрон тој  од рускиот претседател побарал:

- запирање на сите удари и напади врз цивили и места на живеење

- зачувување на целата цивилна инфраструктура

- обезбедување на главните патишта, особено на патот јужно од Киев.

Путин пак, го уверил својот француски колега дека  Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ. Но и тој излегол со три услови:

- признавање на рускиот суверенитет над Крим.

- демилитаризација и денацификација на украинската држава.

- обезбедување на неутрален статус на Украина.

Детали од разговорот со Зеленски не се објавуваат. Но, украинскиот претседател утринава јавно побара брз влез на Украина во Европската унија. Зеленски попладнево и формално ја потпиша апликацијата за членство. 

Но, и покрај разговорите на терен се уште се водат жестоки битки. Утринава во Киев беше мирно, но вечерва има информации за експлозии во близна на градот. Сепак, најжестоко денеска е во Харков. Украински новински агенции јавуваат дека е уапсен градоначланикот под сомневање за велепредаство бидејќи контактирал со руските сили. 

Украинските војници јавуваат за цивилни жртви, додека пак, руската војска обивнува дека уркаинските власти не дозволуваат евакуација на градовите и ги држат цивилите како жив штит.

Бегалската криза пак, зголемува. Според ОН, повеќе од 500 000 илјади луѓе досега ја напуштиле Украина и побарале спас во соседните земји, додека 100 000 се внатрешни раселени. 

Од македонското МНР информираат дека над 20 македонски државјани ја искористиле нивната асистенција со земји-партнери за да ја нашуштат Украина. Вечерва пак, бугарското МНР јавува дека Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев. Меѓу 200те лица се и македонски државјани. Од бугарскотот МНР велат дека помогнале на 22 македонски државјани, а двајца македонци ја нашпуштиле Одеса со автобус.