Македонија
10. May 2022 - 16:34

Прв ден активна блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со цел предвремени избори

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент „Активна блокада за спас од националната катастрофа“ го почна бојкот во Собранието откако премирот Ковачевски не ја прифати понудата на лидерот на опозицијата Мицкоски за лидерска средба за предвремени избори.

За собранискиот спикер блокадата е бесмислена бидејки Европската комисија нотиратала дека Собранието добро работи дури и кога опозцијата ја нема.

За владејачкото мнозинство избори се распишуваат со 61 глас што ВМРО-ДПМНЕ ги нема.

Во меѓувреме, Скендер Реџепи од Алтернатива чии четворица пратеници ја обезбедија Владата на Ковечвски вели дека не се реализирани сите програмски цели што биле договорени со коалицискиот договор, и треба да се преиспита учеството во власта.

Денешната седница почна со два часа задоцнување што од ВМРО-ДПМНЕ го искористија да покажат дека власта е таа која постојатно е на работ на кворум и го прави парламентот нефункционален. Од власта пак, побараа опозициските пратеници да ја вратат платата доколку бојкотираат.

На бојкот на ВМРО-ДПМНЕ се придружи и ошпозциската БЕСА. Од Алијансата на Села, пак, одлучија да ја дочекаат одлуката на Брисел за почеток на преговорите во јуни. Доколку преговори нема, тие бараат избори во октомври. Левица засега е без коментар за политичлата ситуација.