Протести во Бугарија поради предлог буџетот за 2026, судири со полицијата во Софија

Илјадници луѓе синоќа се собраа во Софија и во неколку други градови протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра пред земјата-членка на Европската унија да ја усвои заедничката валута на 1 јануари.
Според бугарските медиуми, организатори на протестот биле од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), а причината била одбивањето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да го повлече од парламентот нацрт-буџетот за следната година, кој веќе беше поднесен.
Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги опколи канцелариите на владејачките партии во Софија и фрлале камења, шишиња и петарди кон полицајците.
Бугарскиот претседател Румен Радев во објава на Фејсбук изјави дека „ова не е судир меѓу полицијата и демонстрантите, туку провокација од страна на мафијата, која има за цел да ги конфронтира“. Радев повика на прекин на насилството и сите да се придржуваат до законот.
– Провокациите не го менуваат фактот: Бугарите рекоа НЕ на оваа влада. Има само еден излез: оставка и предвремени избори, истакна тој.
На 28 ноември, по слични протести, малцинската влада на Росен Желјазков вети дека повторно ќе го поднесе планот за трошење за 2026 година во парламентот, со цел да се овозможи повеќе време за консултации со опозициските партии, синдикатите и работодавците. Парламентарната комисија го усвои буџетскиот план на прво читање на 18 ноември.
Опозициските партии и други организации велат дека протестираат против плановите на владата да ги зголеми придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденди за финансирање на повисоките трошоци, како и државната корупција.
Околу половина од Бугарите се против усвојување на еврото, плашејќи се дека тоа ќе влијае на суверенитетот на земјата и дека трговците на мало ќе го искористат преминот од националната валута лев во евро за да ги зголемат цените.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, предупреди дека инфлацијата може да скокне кога балканската држава ќе се приклучи на еврозоната.
МИА
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
