Проширувањето на ЕУ висок приоритет на Унгарското претседателство
Проширувањето на Унијата ќе биде висок приоритет на унгарското претседателство во втората половина на 2024-та, потврдија високите претставници на парламентарното Собрание на Советот на Европа кои се во посета на Скопје.
Високите европски претставници Немет и Кокс порачаа дека новиот план за проширувањето на ЕК дополнително ќе вклучи напори за понатамошно усогласување на Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ за да ги засили реформите особено во правосудството, со што ќе се забрза и самиот процес.
Собранискиот спикер Џафери побара јасна временска рамка од ЕУ за проширување на Западен Балкан. Одложувањето на процесот го доведува во прашање и угледот на Унијата, порача и вицепремиерот Маричиќ.
Опозицијата пак предупреди дека и по 20 години од самитот во Солун, се уште се соочуваме со нови барања и блокади на интегративниот пат.
Говорниците на Регионалната конференција за Меѓупарламентарен дијалог јасно му предочија на македонскиот парламент дека спроведувањето на реформите и заокружувањето на процесот на уставни измени ќе ги продолжи и интеграциите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
