Македонија
2. November 2023 - 19:53

Пропадна Законот за амнестија - Лога најавува нов со редовна постапка

Нема да има нова амнестија на затвореници - 66 пратеници од власта и опозицијата гласаа против потребата да биде изгласан Законот за амнестија.

Мнозинството во последен момент одлучи да го одбие владиниот закон, откако ВМРО-ДПМНЕ претходно најави дека со 5000 амандмани ќе го блокираат законот.

За Лога исходот од гласањето во Собрание било одмазда бидејќи тој не ги поддржал измените на КЗ. Но не се откажува, Законот повторно ќе го поднел, но сега во редовна постапка.

Но, тврди дека Владата била стабилна, и не било доведено во прашање останувањето на Алијанса за албанците во владината коалиција.

Против Законот за амнестија застанаа и дел од министрите според кои законското решение нема да ја оправда целта. На истиот став е и премиерот Ковачевски, но смета дека гласањето не е причина за распад на коалицијата.

Пред почетокот на седницата Лога им подели фотографии на пратениците кои ја отсликуваат состојбата во затворите. На албумот со фотографии беше залепено и огледало, за да се погледнеле себеси пред да гласаат. Законот опфаќаше 24 кривични дела, а предвидуваше амнестија за „лесни кривични дела“.