Пропадна уште еден обид за декларацијата за Делчев, нова блокада на функционалноста на Собранието
Опозицијата го проблематизира продолжувањето на кризната состојба до 30 април за снабдувањето на топлинска енегрија во градот Скопје. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со долги говори во Собранието и со гласање против ќе се обидат да спречат да се донесе одлуката. Имено, владината кризна состојба завршува за два дена, и за да се продолжи како што претходно се планираше потребна е одлука од парламентот најдоцна утре.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кризната состојба и овозможува на власта без контрола да трансферира буџетски пари што граѓаните ги чини многу.
Министерот за економија Бектеши пак, вели дека кризната состојба е клучна за главниот град да има парно.
Преходно за седницата, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ не дозволи на дневен ред да бидат ставени Декларацијата за Гоце Делчев, покачувањето на пензиите за 20 отсто и покачување на платите во образованието што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата вели и понтаму ќе ги предлага точките на комсии и пленарни седници.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
