Македонија
6. April 2022 - 12:26

Пронајдени стари монети под охридскиот плоштад

Откриени стари монети и делови од градби кои датираат од почетокот на 20 век на плоштадот Крушевска република каде се вршеа археолошките истражувања .Пронајдени се делови од ѕидан трансформатор и чешма но и фурна која во минатото постоела на оваа локација на која сеуште се сеќаваа постарите охриѓани.

Од Завод и музеј велат дека насекаде во градот каде и да има ископување може да се најдат некои остатоци од постарите времиња. Плоштадот претрпел големи градежни активности и  е еден од најфрекфентните делови од градот кој  не може да се затвори за истражување.

Со завршување на истражувањето кое се реализираше на 4 локации околу плоштадот кај стариот чинар ќе се започне со негова реконструкција кој предвидува нов современ изглед на овој дел од градот.