Македонија
11. September 2026 - 11:10

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика

Лицето кое беше снимено како од мост фрла отпад во реката Радика е идентификувано и санкционирано, информираа од Општина Дебар.

Случајот предизвика реакции откако спортското риболовно друштво „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа маж како со возило застанува на мост и фрла вреќи и кутии со отпад во реката.

По објавувањето на снимката, екипи на општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции, презеле активности, по што сторителот бил пронајден и казнет.

Од Општина Дебар најавија засилени контроли и порачаа дека секој што ќе ја загадува Радика, јавните површини или животната средина ќе се соочи со законски санкции.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)