Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
До почетокот на викендот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота.
Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
