Пролетни средби со ММФ

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Фондот, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Како што соопшти Народната банка, на средбите било оценето дека домашната економија останува стабилна, но глобалните геополитички тензии создаваат неизвесност за растот. Славески истакнал дека централната банка ќе продолжи со претпазлива монетарна политика, насочена кон одржување на ценовната и финансиската стабилност.
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска, пак, на средбите со претставници на ММФ истакнала дека Владата останува посветена на фискална консолидација, подобро управување со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи за поддршка на економскиот раст. Таа посочила дека буџетскиот дефицит е во надолна линија, од 4,4 отсто во 2024 година, на 4 отсто во 2025, а годинава е проектиран на 3,5 отсто од БДП.
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
