Македонија
21. April 2026 - 12:16

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ

Започна процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во штипската касарна „Јане Сандански“, во рамки на вежбата „Блесок 2026“. Вежбата е продолжение на серијалот „Македонски блесок“ и е важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата. Главната цел е да се изврши оценување на борбените способности баталјонска група,  како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

- За таа цел тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи беше формирана групата и истите го започнаа повеќе од девет месечниот процес за подоготовка за проверка на борбената готовност. Се разбира целокупниот процес на подготовка беше во координација и корелација со командата на копнени сили и со одредените НАТО монитори за моноторирање на целокупниот процес, изјави потполковник Горан Кимов, директор за оценување на Лесната пешадиска борбена група.

 Подготвени се повеќе од 20 настани, а проследени со преку 100 инциденти, кои што ќе ги предизвикаат персоналот од баталјонската борбена група на покажување на својата борбена подготвеност. 

- Ќе биде проверена во седум области, од подготовка и проверка на целокупната документација, проследена со изведување на најразлични операции преку заштитата на силите, заштита на информациите, командувањето и контрола и се разбира најпоследното логистичките капацитети на единицата. Сето тоа ќе биде реализирано во три фази, додаде Кимов

Ќе следи проверка и оценување во теренски услови и на крајот е завршување на формалниот Извештај за способноста на батолјонската борбена група. Оценката за борбената готовност ќе се знае во петок.